Ревизија

Што е ревизија ?
Ревизија е постапка на проверка и оценка на финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи на обврзниците на ревизија, како и податоците и методите кои се применуваат при составување на финансиските извештаи, врз основа на кои се дава стручно и независно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиската состојба, деловните резултати и паричните текови. Ревизијата на финансиските извештаи вклучува ревизија на Извештај за финансиска состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за паричните текови, Извештај за промени на главнината, како и сите останати додатни извештаи и податоци кои ни се потребни за изразување на мислењето.

Кој е обврзник за ревизија?
Според Законот за трговски друштва, обврзници за ревизија се:

  • големи и средни трговци организирани како акционерски друштва
  • друштва чии хартии од вредност котираат на Берза
  • големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност

Кој може да ја врши ревизијата?
Ревизијата може да ја вршат друштва за ревизија и овластени ревизори – трговци поединци.

Корисници на ревизорскиот извештај
Освен за задоволување на законските потреби, ревизорскиот извештај служи и на:

  • сопствениците на друштвата
  • потенцијалните инвеститори
  • финансиските институции (банките)
  • деловните партнери (купувачи, добавувачи)
  • останатите (вработените, јавноста)

Постапка на ревизија на финансиските извештаи
Постапката за ревизија ја извршуваме согласно со општоприфатените Меѓународни  ревизорски стандарди, македонските прописи, како и Меѓународните сметководствени стандарди објавени во Службен Весник на РМ.

Ревизорско мислење за финансиските извештаи
Согласно со професионалната и законската регулатива ревизорот, врз основа на спроведеното испитување на вистинитоста и чесноста на презентираните информации во финансиските извештаи на претпријатието клиент, во извештајот за извршена ревизија може да изрази една од следниве алтернативни форми на мислење:

  •  Неквалификувано (позитивно) мислење
  •  Мислење со резерва
  •  Неповолно (негативно) мислење
  •  Воздржување од давање на мислење

Деловна етика на ревизорот

За време на ревизијата ревизорот се среќава со многу доверливи информации и податоци за обврзникот на ревизијата, па затоа е важно да се почитуваат правилата пропишани со Кодексот на професионална етика на ревизорот, т.е. сите сознанија и информации собрани во постапката на ревизијата се чуваат како деловна тајна.