Политика на приватност

Политика за заштита на приватноста на интернет-страницата на Бенд Ревизија и Консалтинг ДОО Тетово

Бенд Ревизија и Консалтинг ДОО Тетово (во натамошниот текст Бенд Ревизија и Консалтинг) ја почитува Вашата приватност и ја заснова својата интернет-страница www.bend.com.mk на технологии што овозможуваат подобро и побезбедно искуство преку интернет.

Во продолжение следат општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница, кога користите некои од нашите производи/услуги преку неа и/или кога ја користите на друг начин.

Kонтролор на личните податоци

Контролор на личните податоци е Бенд Ревизија и Консалтинг со седиште на ул.Јане Сандански бр.63/2 Тетово.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Оваа политика за заштита на приватноста се однесува исклучиво на корисниците на интернет-страницата. Доколку на интернет-страницата е содржан линк што ќе Ве поврзе со други интернет-страници, Бенд Ревизија и Консалтинг не презема никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци којашто ја обезбедуваат тие интернет-страници доколку до нив пристапите преку нашата интернет-страница.

Чии податоци собираме

Може да собираме податоци поврзани со следниве категории лица: посетители на нашата интернет-страница – www.bend.com.mk, како и баратели и други физички лица во врска со поднесување информации во вид на мислење на корисник, поплаки, барања/апликации за производи/услуги, општи контакт форми за коментари, барања за спонзорства и донации како и за потребите за вработување коишто се достапни преку интернет-страницата и коишто можат да содржат податоци за идентитетот на подносителот и лични податоци на други вклучени лица.

 Кои податоци ги собираме од Вас?

Целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци и ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.

Кога ја користите интернет-страницата www.bend.com.mk како нејзини посетители, Друштвото може да собира и обработува информации и податоци поврзани со Вас како поединец, Ваша идентификација при користење на услугите на Друштвото, директно или заедно со дополнителни информации („лични податоци“).

Друштвото може да ги собере овие информации само кога Вие доброволно ни ги доставувате за конкретни цели и сте согласни да ги обработуваме (на пр. кога барате од Друштвото да Ве контактира за одредена услуга, понуда и слично).

Преку интернет-страницата, можно е да се соберат Вашите лични податоци што ги давате на доброволна основа, во зависност од целта како што се, на пример, информации за контакт (пр. Вашето име/презиме, ЕМБГ, адреса за е-пошта, телефонски број и др).

При посетата на нашата интернет-страница www.bend.com.mk вообичаено собираме податоци за навигација што се користат за анализирање на податоците од посетите на нашата интернет-страница како и за одржување на информатичката безбедност. Нашиот веб-сервер привремено ги регистрира Вашата IP-адреса, уредот од кој пристапувате, Вашиот оперативен систем, видот на пребарувачот, plugins верзија, времето на посета и линкот до посетената страница.

Зошто ги обработуваме овие податоци и кои се целите и правната основа на обработката?

Друштвото може да ги користи Вашите лични податоци собрани преку нејзината интернет-страница за следниве цели:

  • обезбедување поддршка и грижа за корисниците преку овозможување на бараните услуги или разгледување/решавање прашања/проблеми поврзани со користењето на услугите на Друштвото со цел Друштвото да може да Ве контактира кога е потребно и да одговори на Вашите барања. Не е потребна согласност за ваквата обработка на податоци, имајќи предвид дека таквата обработка е неопходна за обезбедување на бараните производи/услуги;
  • добивање Ваше мислење во врска со услугите;
  • подобрување на корисничкото искуство преку развој и подобрување на условите на бараната услуга;
  • разгледување можност за вработување доколку сте аплицирале преку поднесување апликација за вработување во Друштвото;
  • за анонимни статистички цели на информирање за употребата на нашата интернет-страница коишто не се поврзуваат со податоци идентификувани од индивидуални корисници, со цел да се обезбеди правилно работење на интернет-страницата и да се идентификуваат грешките и/или злоупотребата на интернет-страницата.

Друштвото ги обработува собраните податоци, како и податоците добиени врз основа на давање услуги на клиенти и при извршување трансакции со индивидуални клиенти, за целта за која биле дадени, односно за целта за користење на интернет-страницата и овозможување на потребните услуги како и за да Ви обезбедиме информации за производите или услугите што можете да ги користите. Друштвото може да ги искористи овие информации за да овозможи поефикасна поддршка на клиентите.

 Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата интернет-страница, вклучувајќи ги овде и контакт формите, барања/апликации;
  • преку нашата е-пошта: revizija@bend.com.mk ;
  • преку објавените адреси;
  • по факс;
  • кога личните податоци се дадени усно. 

Категории корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци што се прибираат преку интернет-страницата на Бенд Ревизија и Консалтинг, се извршуваат од страна на вработените одговорни за извршување на соодветните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата интернет-страница, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање даватели на услуги ангажирани од страна на Друштвото како обработувачи со што тие ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Друштвото и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.

Кој ќе има пристап до Вашите лични податоци?

Бенд Ревизија и Консалтинг не го продава, изнајмува или позајмува списокот на корисници на нејзините страници на трети лица. Покрај обврската за чување на доверливост, Друштвото може да споделува податоци со сигурни партнери за одредени цели: статистичка анализа, обезбедување поддршка од клиенти, организација на испорака или слични потреби.

Личните податоци не се пренесуваат надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Кои се Вашите права и како можете да ги остварите?

Со оваа политика Друштвото Ве известува дека имате право да бидете информирани за обработката на личните податоци, право на пристап до сите лични податоци, како и на нивно дополнување, измена, бришење, право на ограничување или запирање на обработката на личните податоци како и право на приговор.

Доколку сакате да направите ажурирање на сите Ваши лични податоци или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка, за дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следната е-пошта: adv.apostolovski@gmail.com

Бенд Ревизија и Консалтинг гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Во секој момент Вие имате право да побарате од Бенд Ревизија и Консалтинг:

  • право на пристап – право да поднесете барање за пристап до Вашите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за Вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
  • право на исправка – доколку откриете дека Вашите лични податоци што ги обработува Бенд Ревизија и Консалтинг не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
  • право на бришење – право да побарате од Бенд Ревизија и Консалтинг да ги избрише Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
  • право на ограничување на обработката – право да побарате Бенд Ревизија и Консалтинг да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
  • право на преносливост на податоците – право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од Бенд Ревизија и Консалтинг;
  • право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон;
  • право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување;
  • право на жалба до надзорниот орган – доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Бенд Ревизија и Консалтинг не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во врска со правото на пристап и правото за бришење, се применуваат одредени ограничувања во согласност со Законот за банки, Законот за архивско работење, Законот за заштита на лични податоци, Законот за даночна постапка и Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Безбедност на Вашите лични податоци

Интернет-страницата ги штити Вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба или откривање. Податоците за компјутерските сервери се чуваат во контролирана, безбедна околина заштитена од неовластен пристап, злоупотреба или откривање.

 Рок на чување на Вашите лични податоци

Друштвото ги задржува Вашите лични податоци само онолку долго колку што е потребно за да се исполни одредена цел како и во согласност со законските прописи. Сепак, податоците ќе бидат задржани подолго ако треба да се справиме со какви било поплаки во врска со обезбедените услуги или ако треба да ги заштитиме интересите на Друштвото во врска со потенцијалната одговорност поврзана со обезбедувањето услуги.

Контакт информации

Доколку сакате да ги остварите Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци или доколку имате дополнителни прашања во врска со оваа политика, можете да ни се обратите на адресата:

Бенд Ревизија и Консалтинг ДОО Тетово

ул. „Јане Сандански“ бр. 63/2

1200 Тетово

за Офицерот за заштита на лични податоци

или

на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци: adv.apostolovski@gmail.com.

За да можеме да Ви го дадеме потребниот одговор, Ве молиме да ги наведете следниве информации:

  • име на интернет-страницата на којашто се повикувате;
  • Ваша врска и интеракција со нас; и
  • опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.

Промена на политиката за приватност

Политиката за заштита на приватноста на интернет-страницата на Бенд Ревизија и Консалтинг ДОО Тетово редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

* објавено на 24.8.2021 година