Што е ревизија ?
Ревизија е постапка на проверка и оценка на финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи на обврзниците на ревизија, како и податоците и методите кои се применуваат при составување на финансиските извештаи, врз основа на кои се дава стручно и независно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиската состојба, деловните резултати и паричните текови. Ревизијата на финансиските извештаи вклучува ревизија на Извештај за финансиска состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за паричните текови, Извештај за промени на главнината, како и сите останати додатни извештаи и податоци кои ни се потребни за изразување на мислењето.
Кој е обврзник за ревизија?
Според Законот за трговски друштва, обврзници за ревизија се:
- големи и средни трговци организирани како акционерски друштва
- друштва чии хартии од вредност котираат на Берза
- големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност
Кој може да ја врши ревизијата?
Ревизијата може да ја вршат друштва за ревизија и овластени ревизори – трговци поединци.
Корисници на ревизорскиот извештај
Освен за задоволување на законските потреби, ревизорскиот извештај служи и на:
- сопствениците на друштвата
- потенцијалните инвеститори
- финансиските институции (банките)
- деловните партнери (купувачи, добавувачи)
- останатите (вработените, јавноста)
Постапка на ревизија на финансиските извештаи
Постапката за ревизија ја извршуваме согласно со општоприфатените Меѓународни ревизорски стандарди, македонските прописи, како и Меѓународните сметководствени стандарди објавени во Службен Весник на РМ.
Ревизорско мислење за финансиските извештаи
Согласно со професионалната и законската регулатива ревизорот, врз основа на спроведеното испитување на вистинитоста и чесноста на презентираните информации во финансиските извештаи на претпријатието клиент, во извештајот за извршена ревизија може да изрази една од следниве алтернативни форми на мислење:
- Неквалификувано (позитивно) мислење
- Мислење со резерва
- Неповолно (негативно) мислење
- Воздржување од давање на мислење
Деловна етика на ревизорот
За време на ревизијата ревизорот се среќава со многу доверливи информации и податоци за обврзникот на ревизијата, па затоа е важно да се почитуваат правилата пропишани со Кодексот на професионална етика на ревизорот, т.е. сите сознанија и информации собрани во постапката на ревизијата се чуваат како деловна тајна.